Ужас во Центар: Наставник барал полови односи со ученичка

Полицијата уапси 52-годишен наставник од Скопје, кој се сомничи дека вознемирувал ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 9 март 2026 година околу 17:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода наставникот, кој работел во средно училиште на подрачјето на општина Центар.

Апсењето следувало по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година наставникот вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

Според информациите од полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за утврдување на сите околности поврзани со случајот.