Наместо за Македонија, Изет Меџити отиде во Приштина да навива за Косово

Наместо за Македонија, Изет Меџити отиде во Приштина да навива за Косово. Во време кога граѓаните се соочуваат со сериозни економски и социјални проблеми, Меџити избра да присуствува на прослава надвор од државата и јавно да изрази поддршка за Косово.

Фотографии и објава на неговиот Фејсбук профил покажуваат дека тој бил дел од масовен настан во центарот на Приштина, заедно со бројни присутни, како и со јавни личности, меѓу кои и пејачката Shkurte Fejza.

Во објавата, Меџити напиша:

„Во срцето на Приштина, славиме за Косово заедно со иконата на албанската народна музика Шкурте Фејза и илјадници Албанци од земјата и дијаспората.
Напред Косово 🇽🇰“

Овој потег предизвика реакции во јавноста, особено поради прашањето за приоритетите на политичарите. Наместо фокус на домашните проблеми и обврските кон граѓаните, Меџити избра да се појави на настан со силна национална симболика надвор од Македонија.

Критичарите сметаат дека ваквото однесување испраќа погрешна порака и отвора дилеми за тоа колку актуелните функционери се посветени на решавање на проблемите во државата.