Доставени сите документи за екстрадиција на Никола Груевски

Сите потребни документи за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски се веќе доставени до Министерството за правда.

Оваа информација за телевизија Телма ја потврдија од Кривичниот суд, каде што во моментов сè уште се водат, но и се завршени неколку судски процеси против обвинетиот и осуден експремиер кој моментно се наоѓа во азил, пренесува порталот Tema.mk.

Од Министерството за правда претходно побарале од судот да бидат доставени сите промени кои би можеле да влијаат врз постапката за екстрадиција, за што веќе ги добиле потребните одговори и списи.

Министерот за правда, Игор Филков, пред два дена потврди дека се чека на формирањето на новата влада во Унгарија – земјата каде што пребегна Груевски, за да можат тамошните институции официјално да бидат известени дека Македонија е и понатаму заинтересирана за негово враќање во земјава.