Уште еден немил настан ја вознемири јавноста и го алармираше прашањето за безбедноста на граѓаните од кучињата скитници. Деветнаесетгодишна девојка од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди откако била нападната од глутница кучиња.
Се здобила со тешки повреди при пад додека бегала
Според првичните информации, инцидентот се случил кога девојката била пресретната и нападната од бездомни кучиња. Во обид да се спаси и панично да побегне од агресивните животни, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.
Повредената девојка веднаш била пренесена во болница, каде ѝ е укажана лекарска помош за санирање на повредите.
Аларм за надлежните институции
Овој инцидент е само уште еден во низата напади од кучиња скитници кои секојдневно се случуваат низ градовите во земјава. Граѓаните постојано реагираат и бараат итно решение за овој долгогодишен проблем кој претставува сериозна закана за нивната безбедност, особено за децата и младите.
Апел од граѓаните: Локалните власти и надлежните служби мора да преземат поитни и поефикасни мерки за згрижување на бездомните кучиња со цел да се спречат вакви немили сцени во иднина..