По повод одбележувањето на 5 мај – Денот на загинатите борци (хероите), поранешни припадници на ОНА денеска организираа комеморативни активности и оддадоа почит во Општина Теарце, пренесува порталот tetova1.
На овој спомен-ден, присутните се присетија на загинатите за време на воениот конфликт во 2001 година во Северна Македонија, како и на сите други историски личности од овој регион кои ги загубиле своите животи во минатите воени конфликти.
„Иако чувствуваме болка за загубата на нашите соборци, во исто време чувствуваме и гордост за борбата во која учествувавме“, изјавија поранешните соборци за време на комеморацијата.
Комеморативни активности во повеќе населени места
Положување цвеќе и оддавање почит се одржаа на спомен-обележјата во неколку населени места во Општина Теарце, каде што се собраа семејствата на загинатите, поранешни соборци и локални жители:
- Нераште
- Јажинце
- Теарце
- Слатина
- Непроштено
Присутните на овие собири ја нагласија важноста од зачувување на сеќавањето на загинатите и почитување на нивната жртва, посочувајќи го овој датум како ден за сеќавање и заедништво..