Скопје–Битола без возови: Пожар во композиција што сообраќала кон Куманово

Железничките линии на релација Скопје – Битола денеска се откажани, откако вчеравечер избувнал пожар во возот број 641 кој сообраќал кон Куманово. Поради инцидентот и недостаток на алтернативен состав, патниците денеска останаа без редовниот железнички превоз кон Битола.

Од Железници на Северна Македонија АД – Скопје за „Слободен печат“ информираат дека пожарот се случил додека возот бил на пат кон Куманово, по што требало да продолжи на релацијата кон Битола. Поради настанатата состојба, утринава и во текот на денот е откажана редовната линија Скопје – Битола.

Според возниот ред, кон Битола секојдневно сообраќаат три возови. Првиот е предвиден рано наутро во 07:06 часот, но утринава не сообраќал. Поради пожарот и немањето алтернативно решение, откажани се и линиите планирани за 14:30 и 20:05 часот.

Неофицијално, Македонски железници располага со уште еден воз кој би можел да се користи како замена. Сепак, според информациите, тој во моментов е расипан, а во железниците нема доволно стручни лица – мајстори кои би можеле да го оспособат и да го вратат во функција.

Според возниот ред, кон Битола секојдневно сообраќаат три возови. Првиот е предвиден рано наутро во 07:06 часот, но утринава не сообраќал. Поради пожарот и немањето алтернативно решение, откажани се и линиите планирани за 14:30 и 20:05 часот.

Неофицијално, Македонски железници располага со уште еден воз кој би можел да се користи како замена. Сепак, според информациите, тој во моментов е расипан, а во железниците нема доволно стручни лица – мајстори кои би можеле да го оспособат и да го вратат во функција..