Попладнево се случи сообраќајна незгода на влезот во Скопје, во која е повреден пешак откако камион удрил во семафор.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил пријавен околу 13:00 часот во СВР Скопје. Според првичните информации, на булеварот „Александар Македонски“ камион со скопски регистарски ознаки излетал и удрил во семафор.
Во незгодата бил повреден еден пешак, кој се нашол во близина на местото на ударот. Засега нема детали за степенот на повредите, а надлежните служби извршиле увид на местото на настанот.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата..