info168mk

Актуелни вести од земјата и светот

Трагедија во Велес: Системот повторно закажа – Росица и нејзиниот татко убиени и покрај бројните пријави

Велес е во шок. Бруталното убиство на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев (74) е уште една црна статистика во низата случаи на семејно насилство кои завршуваат со смрт.

Убиецот одамна познат на институциите

Осомничениот Илија Стефановски не бил непознат за органите на прогонот. Против него биле поведени повеќе постапки за закани и насилство. Росица повеќепати барала заштита и пријавувала семејно насилство и непочитување на забраната за приближување. Сепак, институциите повторно останале неми и неефикасни.

Игнорирани предупредувања

На 10 септември годинава, Стефановски бил условно осуден. Во мај ја нападнал семејната безбедност кога го украл и запалил автомобилот на таткото на Росица. И покрај сите овие алармантни индиции, државата не го спречила следниот чекор – убиството.

Обвинителството со товар на совеста

Случаите биле пријавувани и во ОЈО Велес и во ОЈО Скопје. Но наместо заштита на жртвата, сведочиме на институционална рамнодушност. Обвинителството дури примило и пријава од осомничениот против самата жртва, тврдејќи дека таа го пријавува со „лажни пријави“ за да му изнуди пари.

Граѓаните прашуваат: Колку животи ќе бидат изгубени додека државата молчи?

Овој случај е огледало на нефункционален систем – жртвите се оставени сами, а насилниците слободно чекорат по улиците. Трагедијата во Велес е уште една потврда дека институциите реагираат дури кога е предоцна.