info168mk

Актуелни вести од земјата и светот

САД и Кина постигнаа рамковен договор за TikTok

САД и Кина постигнаа рамковно споразумение за иднината на популарната социјална видео-платформа TikTok, соопшти американскиот министер за финансии Скот Бесент по завршувањето на трговските преговори во Шпанија, пренесе АП.

На прес-конференција во Мадрид, Бесент изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот премиер Си Џинпинг ќе разговараат во петок за финализирање на договорот, чија главна цел е TikTok да премине во американска сопственост.

„Нема да навлегуваме во трговските параметри на зделката. Тоа е прашање меѓу две приватни компании. Но основните услови веќе се договорени,“ нагласи Бесент.

Од кинеска страна, меѓународниот трговски претставник Ли Ченган истакна дека двете земји постигнале „основен консензус околу рамката“ за решавање на прашањата поврзани со TikTok преку соработка. Тој додаде дека целта е и намалување на бариерите за инвестиции, како и поттикнување на поширока економска и трговска соработка, пренесе официјалната агенција „Синхуа“.

Според Ли, разговорите биле „отворени и продлабочени“ и не се ограничиле само на TikTok, туку ги опфатиле и пошироките теми од заеднички интерес за Кина и САД.